Државниот завод за статистика (ДЗС) објави конкурс со кој бараат реонски попишувачи и реонски инструктори кои во април оваа година ќе го спроведуваат попишувањето во рамки на пописот 2021 година.„ На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини“. Пријавувањето трае од 23 до 28 февруари и се врши електронски на следниот линк: https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx  Повеќе информации за конкурсот:  https://popis2021.stat.gov.mk/konkursi/Konkurs-Popis2021.pdf