Симптомите на артритис, како што се болки и отоци на зглобовите на рацете и нозете, може да се влошат и засилат поради носењето домашни влечки. Така барем тврдат докторите кои спроведувале истражувања за разните производи за стапала. Тие предупредуваат дека носењето влечки, со текот на времето, може да го влоши начинот на кој одиме, бидејќи наместо да одиме, ние се лизгаме, не ги креваме премногу нозете од подот и само ги „влечеме“ наоколу. Експертите сметаат дека тоа е една од причините зошто и здравите луѓе понекогаш можат да почувствуваат болка во зглобовите, кои се всушност преоптоварени поради тоа што ги „носат“ влечките, а стапалата се во неприродна положба. Докторите препорачуваат да носите топли дебели чорапи наместо влечки во текот на зимата, бидејќи така стапалата ќе ја одржат потребната топлина и без влечки.