Деведесет филмови од цел свет од денес до 6 декември ќе бидат во програмата на Мобил филм фестивал што ќе се одржи онлајн под мотото „Размислувај поразлично“. Филмовите се поделени во три програми и ќе бидат бесплатно достапни на VoD платформата Cinesquare.net каде може да се погледнат. Сите филмови на фестивалот се достапни во 13 земји меѓу кои и Македонија. Традиционално, ќе се додели наградата за најдобар филм како и награди за најоригинална приказна и за најинвентивен филм. За наградите ќе одлучува тричлено жири во состав Горан Наумовски, Карл Бардош и Златко Ѓелески. Мобил филм фестивал е организиран од продуцентската куќа „КТ-Филм и Медиа“ поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.