Попладнево девојче на возраст од девет години било нападнато од глутница на кучиња на ул. 11 Октомври. Девојчето било нападнато додека биле на прошетка со нејзината мајка. Тие одвај успеале да се одбранат од глутницата кучиња но девојчето се здобило со угриз на ногата од едно од кучињата. За четири дена ова е трет случај на напад на кучиња скитници. Како што веќе информиравме во текот на денот во петокот и саботата двајца велешани на иста улица настрадаа како резултат од напад на куче скитник. Најпрво бил нападнат Л.В.(19) кој околу 22:00 часот во петокот во СВР Велес пријавил дека на ул.„Андон Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник. Следниот ден односно 5 ипол часа по првиот пријавен напад, ноќта околу 03:30 часот во СВР Велес, В.К.(39) од Велес пријавил дека на ул.„Андон Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник.