Денешниот ковид биланс за Велес бележи 41 нов случај на корона инфекција. Од почетокот на пандемијата бројот на заразени во Велес надмина 1700 и со денешните случаи изнесува 1706. Како оздравени денес се водат 30 велешани, а од почетокот на пандемијата оздравеле 844. Моментално активни се 776 случаи од кои 68 се на лекување во велешката болница, а шестмина се на лекување во приватните клиники во Скопје. 703 велешани се на домашно лекување.