Дариан е роден со синдром на хипопластично лево срце, ретка малформација на срцето во која левата срцева комора е сериозно неразвиена – состојба за која неговите родители дознаваат само 12 часа од доаѓањето на свет на Дариан.
Неговата мајка, Маријана имала само 20 години, а нејзиниот сопруг 23 години кога го добиле Дариан – млади и тотално неспремни за шокот што следувал.

Маријана Величковска – храбра мајка и жена борец, за Женски магазин раскажува за животната борба за синчето Дариан, и трнливиот пат по кој и денес чекорат.

За само 12 часа од раѓањето на Дариан, животот на младите родители се превртува наопаку.

-Веста ми ја соопштија додека бев сама, бев во огромен шок и не знаев како да изреагирам. Докторот ми објаснуваше а јас го гледав подзината. Потоа плачејќи му се јавив на сопругот и едвај успеав да му објаснам. Тој веднаш дојде па докторите му објаснија и него каква е состојбата. Му кажаа дека Дариан веќе стигнал во болницата за кардиохирургија и е сместен на интензивна нега. Подоцна истата вечер отиде да го посети и ме известуваше за неговата состојба – раскажува Маријана за првиот момент кога се соочиле со состојбата на Дариан која инаку не била откриена за време на бременоста, па овие родители очекувале здраво дете без никакви сомнежи.

„Се сеќавам дека првото прашање што го поставив кога го земав беше: “ Зошто е толку модар?! “ Добив одговор дека е нормално и дека за брзо ќе се стабилизира. Но, не беше така.“

целото интервју прочитајте го на: женски магазин