Девојка на 28 годишна возраст која се вакцинирала со АстраЗенека вакција во Србија, пројавила тромбоза, по што итно е хоспитализирана. „Не се констатирани претходни заболувања, се јавиле некаде после шест до седум дена, сега е многу тешко да се каже дали има некоја точка временска рамка околу која нешто може да се очекува. Но повторно ќе кажам не треба да се создава паника, сепак ова е еден акт на внимателност се додека не се знаат сите информации точни“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Голем број граѓани се обратиле до министерството со цел да добија информација што да прават бидејќи и тие кои се помлади од 60 години ја примиле вакцината во Србија, министерот вели засега ништо, додавајќи дека нема место за паника.

„Сите кои се вакцинирани, добив голем број на повици и барања во министерството за здравство, нема простор за паника. Не треба ништо превентино да се прави барем засега нема таква препорака. Така што во таа смисла во моментот кога ќе стигнат сите информации ќе излеземе со нашиот дефинитивен став“, додава Филипче.

Филипче синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, ексклузивно соопшти дека вакцината АстраЗенека во Македонија нема да се дава на лица под 60 години.