(Видео) Борец им се враќа на победите. Резултат од 2:1 над Струга Трим Љум

43

Тимот на Борец им се врати на победите на домашен терен откако денеска го совлада со  2:1, тимот на Струга Трим Љум. По поразот од Вардар дома, овој тирумф беше речиси императив и затоа е уште поважен кога станува збор за оваа сезона за Велешани. Одигра борбено фајтерски и не паднаа што се вели дури и кога губеа со 0:1. Јахја им донесе водство н гостите во 51. минута. Марјан Ристовски испрати одличен центаршут, еден од многуте на овиој меч за Пеев кој спушта на петерецот за Прелчец. Капитенот на Борец фаќа волеј на прва со десна и погодува во агол. Имаше уште доста време да се игра и шанса да се дојде до комплетен триумф. Ситуацијата од 87. минута беше оценета како пенал, одговорноста ја презема нововлезениот Трајче Трајков и погоди за конечни 2:1..