Од министерството за здравство вечерва информираа дека бројот на заразени се искачил на 76, меѓу нив се наоѓа и брачен пар од Кавадарци, како и нивната ќерка.

Во Кавадарци граѓаните се вознемирени и коментираат на социјалните мрежи, не се чувствуваат сигурно затоа што заразената жена е началник на Одделение во болницата во Кавадарци, а пак нејзиниот сопруг е функционер во ЈП Македонски шуми. Поради тоа граѓаните стравуваат дека бројот на заразени во градот може да биде многу поголем.

Набрзо потоа станува целосна паника и во Неготино, затоа што ќерката на позитивните сопружници е вработена како наставник – дефектолог во основно училиште во Неготино.

Министерството напиша дека се тестира уште едно лице, кое нема никаква поврзаност со сопружниците. Нема информации за тоа дали нивната ќерка е во карантин и дали е тестирана.