Општина Велес на физичките лица кои ќе купат Инвертер клима уред од денот на објавувањето на Јавниот повик 06.07.2021г., заклучно со 05.08.2021г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување Инвертер клима уред. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на Инвертер клима уред во висина од 30% (триесет проценти) од вредноста на инвертер клима уредот, но не повеќе од 15.000,00 (петнаесет илјади) денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“. Линк до повикот и потребните документи ТУКА.

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на Јавниот повик 06.07.2021г., заклучно со 05.08.2021г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“. Линк до повикот и потребните документи ТУКА.