Вчерашните извештаи за загадувањето на воздухот со ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките покажаа дека воздухот е многу загаден. На повеќе мерни места бројките покажуваат загадување повеќе од 100, а максимално дозволената концентрација е 50.

Невладината организација О2 иницијатива синоќа алармираше за невообичаено високите бројки на загаденост на воздухот и во Велес, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Куманово, Битола…

Нејасни се причините за ова, бидејќи летото само што почнува, температурите се околу 35 степени, а намалено е нивото на сообраќај низ градовите, велат активистите и ги повикуваат надлежните итно да излезат на терен и да проверат.

Старо-новата влада и во минатото, но и денес во предизборниот период ветуваше итни мерки против загадувањето на воздухот и после скоро 5 години година дена дури и во летниот период кога не е грејна сезона, загаденоста е над дозволеното ниво.