Карлос Албукерки е 75-годишник од Кордоба, кој се наоѓа во центар за рехабилитација и се лекува од корупција. Шпанецот е осуден на четири години затвор за проневера на дури 400.000 евра. Сега ќе помине 11-месечна програма за рехабилитација на корумпирани шпански службеници пред да се врати во општеството. Тоа е програма воведена од шпанската влада за поддршка на нејзината програма за реформа на корумпираниот јавен персонал. Програмата им е понудена на повеќе од 2.000 осудени јавни службеници и покажува, велат нејзините творци, дека Шпанија верува во давање втора шанса.