Во Центарот за јавно здравје кој во последните месеци е постојано во очите на јавноста поради неколкуте скандали и обвинувања веќе неколку месеци на вработените не им се исплаќале вишокот на работни часови. Покрај ова вработени од ЦЈЗ Велес реаграат и на тоа дека немаат доволно заштита при нивното работење, а како пример ја даваат информацијата дека наместо да носат каљачи повремено биле приморани да ставаат најлонски кеси на нозете поради недостиг од доволно заштитна опрема при земање на брисеви за испитување на присуството на Ковид-19 кај граѓаните. Вработените од Центарот за јавно здравје Велес рееагираат дека на нивните колеги од другите центри прекувремената работа редовно им се исплаќа додека тоа не е случај со Центарот за јавно здравје Велес. Исто така има реакција дека директорката Анастасија Иванова е постојано недостапна за нив и неможат да ја добијат на телефон. Велес365 исто така се обиде службено да искомуницира преку електронската пошта на Центарот за јавно здравје на друга тема но одговор и по повеќе од две недели нема иако информацијата на која се однесува барањето е согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.