Седумдесет и седум возачи вчера биле казнети на автопатот Велес – Скопје – Куманово, а дел од нив се движеле и со 222 километри на час, покажуваат фотографиите од радарот на полицијата.

– Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 77 возачи, велат од Министерството за внатрешни работи.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.