Општина Велес за тековната 2022 година планира да потроши 3,5 милиони денари за привремени вработувања. Договорот за оваа цел е потпишан на 21.12.2021 година со приватната агенција за привремени вработувања ПАРТНЕР од Скопје и Општина Велес. Со договорот се предвидуваат вработувања во општинската администрација при непредвидени активности, вработувања во случај на проекти, вработувања во случај на отсутен работник, зголемен обем на работа на општинската администрација итн. Времетраењето на склучениот договор со вредност од 3,5 милиони денари за привремени вработувања е една година од потпишувањето или со целосно исцрпување на предвидените средства за вработување.