Во петокот екипи на ЈКП Дервен Велес ги исекоа децениски старите зимзелени дрвја спроти Гимназијата ,,Кочо Рацин,,. Од таму велат дека станува збор за стари, деградирани и болни дрвја па затоа биле исечени. Сепак советникот од Левца, Игор Смилев на објава на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека од нивни извори стануива збор за ,,нарачана,, сеча за да се има почист поглед на  објектите кои гравитираат во нивна близина. По низата граѓански реакции на социјалните мрежи следниот ден советниците на Левица се појавија на истото место каде беа исечени зимзелените дрвја и засадија три нови тригодишни брези.