На последната седница на Советот на Општина Велес се донесе одлука за паркинг зоните го градот каде ќе се наплаќа паркирањето на автомобилите. Јавните паркиралишта од отворен тип на територијата на Општина Велес се класифицираат во три паркинг зони утврдени според интензитетот и фреквенцијата на сообраќајот на територија на Општина Велес. Во одлуката стои и дека услугите ќе се наплаќаат според ценовникот на Јавното претпријатие ,,Парк спорт паркинзи Велес,,. Во продолжение погледнете го ценовникот на ова претпријатие според кој планира да го наплаќа паркирањето во Велес. Сумата за годишна карта за паркирање во сите зони од градот би изнесувала 41.280 денари.