Денеска (11.02.2022) од страна на полициски службеници на СВР Велес лишен е од слобода В.Ј.(33) од Велес. Имено, по наредба од судија за претходна постапка, извршен е претрес во домот на В.Ј., при што во дворот биле пронајдени 11 опаковки со прашкаста материја со кафена боја (хероин), една вага и 50.000 денари. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.