Сообраќајни несреќи на автопатиштата низ Македонија по снежните наноси, објави порталот А1он.мк На патот Велес-Скопје има судрени два автомобили и излизган камион. Очевидци, состојбата ја опишуваат како „апокалиптична“. Велат дека коловозите се лизгави и неисчистени, претпоставуваат дека тоа е и причината за несреќите. Од МВР потврдуваат дека сите настани се пријавени.