Се сеќавате на цигарите „МТ Филтер“ – нема да ви се верува колку пари се продаваат сега. На една страна за огласи на социјална мрежа Фејсбук се продава кутија цигари „МТ Филтер“ само за колекционери и тоа со почетна цена од 100 евра.

И како што тоа обично се случува, цената предизвика дискусија меѓу корисниците на оваа социјална мрежа. Според едни цената за само една кутија цигари од 100 евра е преголема, па и покрај тоа што се работи за производ од минатото кој повеќе не може да се најде на пазарот. Додека други го бранеа оној што ги објави фотографиите и бараше понуда напоменувајќи дека истата е наменета само за колекционери.

Но покај овие коментари имаше и многу кои се присетија на минатото кога овие цигари беа популарни во Македонија. Па така под фотографиите можете да прочитате коментари како „МТ Филтер – Мојата прва љубов“ или „Едно време овие цигари вредеа 19 денари, ги пушеше дедо ми“ и сл.