Покрај бројните барања на велешани за стопирање на дивата градежна офанзива на реката Долна Бабуна и клисурата Пешти градењето и натаму продолжува. На социјалните мрежи граѓаните објавуваат фотографии од камиони кои носат градежни материјали.  Општина Велес кој крајот на 2019 година изгради асфалтен пат до Пешти како граѓаните на Велес и туристите би имале полесен пристап до  природните убавини и реткости и бројните пештери. Но ова беше искористено од несовесните градители. Според податоците од Општина Велес, до изградбата на патот до Пешти,  имало 70-тина дивоградби, а само за неколку месеци од неговата изградба бројот на дивоградби рапидно пораснал на 100-тина. Колку се во моментов нема податок.