Привршуваат   градежните работи на Пунктот за вакцинација против Ковид 19 во спортската сала на ССОУ ,,Коле Неделковски”, со бетонирање на патеките за влез и излез и рампите за лицата со ограничена мобилност. Пунктот за вакцинација ќе биде отворен на 25 мај во спортската сала на средното училиште ,,Коле Неделковски,, изјави на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски. Градоначалникот изјави дека бизнис заедницата активно ќе биде вклучена во опремувањето и оспособување на салата на училиштето со кои се сретнал предходно. Пунктот ќе има 15 кабини за вакцинирање и една кабина за прва помош доколку на некој од вакцинираните му се појави некаква реакција од вакцинирањето. Пунктот според првичните најави требаше да биде отворен до 15 мај.