Драги Рашковски објави писмо на социјалните мрежи во кое се повлекува од функцијата Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Влада на Република Македонија. -Кога политиката, политиканството ќе станат погласни од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката, пишува тој во писмото. Вели дека освен зачувувањето на интегритетот и достоинството, причината за неговото повлекување се и актуелните случувања и според него лажните вести, кои вели дека треба да се проверат преку институциите.