После силните реакции од јавноста, од собраниска процедура вчера е повлечен Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование. Содржината на Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование Владата ја утврди на седница на 19 месецов. Владината прес-служба тогаш соопшти дека со Законот се очекува да се подобри квалитетот на учебниците во основното и средното образование, зашто се обезбедува транспарентност на постапките за набавка на учебници, се поставуваат механизми за контрола на содржината со цел да се спречи влез на дискриминирачки содржини. Се обезбедува дигитализација и пристап на учебници за лицата со оштетен вид. Од тогаш во јавноста не стивнаа реакциите за најавените дигитални учебници од страна на наставниците и родителите како и дел од учениците. Од вчера на сајтот на Собранието стои дека Законот е повлечен од страна на предлагачот.