Денес во Башино Село се одбележаа 19 години од смртта на Оливер Китановски, припадник на единицата за специјални задачи “ЕСЗ Тигар”

Оливер Китановски е роден на 24 мај 1980 година во Башино Село на само пет километри од Велес. Од Татко Мирко и мајка Љупка. Се роди во Македонија кога беше мир, растеше и живееше убаво и весело детство. Ја живееше својата младост. Беше одличен ученик, осмолетка заврши во Велес, а потоа продолжува во Скопје на средно полициско училиште во Идризово. По завршувањето се вработува во Специјалната единица Тигар. Оливер си ја сакаше професијата и се радуваше за сите извршени задачи.

Судбината си поигрува, во наметната војна тој застанува на првите борбени линии со своите колеги во кризните региони, почнувајќи од Танушевци преку Брест, Шар Планина, Матејче, Слупчане, Опае до Арачиново. На 23 јуни 2001 година во приквечерие тешко е погоден од граната на гробиштата помеѓу Арачиново и Брњарци.

По трагичниот настан пренесен е во државна болница во Скопје. Приклучен на медицински апарати, извршена е операција. Лекарите се борат за неговиот живот но состојбата од тешките повреди се влошува, згаснува неговиот живот на 28 јуни 2001 година. Згасна неговото храбро и силно срце во цветот на младоста. Загина нашиот син, брат и вујко. Пред олтарот за слободата на својот народ. Бранејќи ја својата татковина го положи прерано својот живот за Македонија.

Кандидатот за пратеник и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес, Игор Здравковски заедно со Претседателот на МК Башино Село, Благој Папазов положија свежо цвеќе на неговото спомен- обележје нагласувајќи дека Китановски го живееше својот сон за Македонија, но за жал го положи животот за неа.
Ние како Македонци сме должни да продолжиме со истата визија и да ги удостоиме нивната пожртвуваност и нивниот придонес, истакна Здравковски.