Многумина велешани беа збунети од вечерашната гледка на небото над градот кога неколку светлечки објекти се движеа по рамномерна линија некои дури и коментираа дека станува збвор за НЛО. Сепак мистеријата е расчистена и не станува збор за никакво НЛО туку вечерва некаде околу 18 часот над нашето небо поминаа сателитите на американскиот милијардер Илон Маск “Старлинк” што периодично ги лансира неговата компанија „СпејсЕкс“, а чија крајна цел е формирање на мрежа од сателити, кои треба да ја покријат целата земјина топка со брз интернет.