На натпревартот кој се одржа денес во Завидовичи, Босна и Херцеговина македонските претставници од Кајак Кану Клуб Арка-Борец ВЕЛЕС се враќаат со четири освоени медали. Ворото место во категоријата на сениори го освои Љубомир Спасиќ, третото место го делат Александар Златаров и Енис Небиовски кои заедно стигнаа до целта додека во категоријата на кадети трето место освои Кристијан Лазаров.