Кајак Кану Клуб Арка-Борец од Велес го продолжува учеството на натпревари. Изминатиот викенд Кајак Кану Клуб Арка-Борец од страна К.К.К Младост од Завидовичи, Босна и Херцеговина беа поканети да учествуваат на натпревар на кој Кајак Кану Клуб Арка-Борец од Велес го освои 1-то место за најуспешен клуб.
Ова признание е благодарение на нивните членови кои настапија и ги постигнаа следните резултати:
Млади пионери
1.место Андреј Апостолов
Пионери
5.место Баже Гугинов
6.место Филип Димитријевски
Кадети
1.место Кристијан Лазаров
Сениори
1.место Александар Златаров
2.место Енис Небиовски
3.место Љубомир Спасиќ