Mладата пејачка Мими Јовановска од Велес публиката ја запозна по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Иако во првиот круг, Мими не остави силен впечаток, па доби само еден глас од Џенан Лончаревиќ кој и беше нејзин ментор, во следните кругови Јовановска беше маестрална, па добиваше само пофални зборови од жирито.

Пејачката стигна до пред финалето, но на музичка план е активна повеќе од кога и да било.

Иако за музиката и музичките проекти е отворена да зборува јавно, за својот приватен живот не сака многу да открива детали. Имено таа е во неколку годишна врска со нејзиното момче Филип Нуне.

Велешенката деновиве имаше многу убав повод за славење и радување.

Имено, таа кажа „да“ на нејзиното момче.  Мими на својот Фејсбук објави фотографија од  неа и нејзиниот партнер, сега свршеник, а го покажа и свршеничкиот прстен.

„Милион пати – да“, напиша таа како објаснување покрај фотографијата.

Под објавата се нижеа честитки од нејзините следбеници, пријатели, колеги….

Ова е нејзиниот избраник.

Честитки за Мими!