Кајакарите на кајак кану клубот Арка-Борец Велес уште еден викенд учествуваа на натпревари овој пат на државното првенство во кајак на мирни води.
Учество земаа 12 кајакари од клубот од кој како најуспешни завршија дамите каде што во женска конкуренција во кадетки и јуниорки Валерија Крстева успеа да стане  државен првак додека Сара Димитровска се пласираше на петото место.
Валерија и Сара во настапот во К2 успееаја да се пласираат на 2-ро место.
Кај најмладите во категоријата цицибани до 12 години Леонардо Кундевски заврши на 2-ро место односно Андреј Апостолов на своја 8 годишна возраст успеа да заврши на 4-то место.
Кај пионерите најуспешен е Кристијан Лазаров со пласман на 3-то место.