Градскиот базен од синоќа е отворен за посетители. По подолго време извршени се повеќе зафати за негово санирање со тоа што се заменети старите пумпи за филтрирање на водата, поставени се нови вентили и обновен е цевководот. За поголема безбедност на посетителите околу базенот извршено е целосно бетонирање на пешачката зона за капачите и посетителите на површина од 900 квадратни метри. Пешачката зона е обоена со бела боја. Офарбано е и санирано и коритото на базенот. Воедно претходно веќе ја зацврстија со нови метални елементи и дотраена конструкција на базенот, што ја осигурува безбедноста за сите посетители.