Екипата на Борец  по заминувањето на Кочо Анѓушев од спонзорското место ќе замине во рацете на ветераните, па веќе почна да се наѕира изгледот на екипата во наредниот период.

Прв тренер на тимот ќе биде Борче Христов, а во стручниот штаб ќе бидат Герасимовски и Левков. За актуелните играчи веќе се подготвуваат нови договори, кои, зависи од нив, дали ќе ги прифатат.

Борец досега го напуштија Никола Прелчец и Борха, а исто така си оди и стоперот Оливер Стоименовски. Велешани сметаат на Ристовски, Ефтимов, Ристески, Стојчевски, Коцев… како и на уште некои други играчи, па веќе понудени им се нови договори за соработка.