Хрватскиот интернационалец Еди Баша е најновата инвестиција на ФК Борец Велес. Баша е крилен напаѓач и со успех има настапувано во повеќе клубови во елитните првенства во Хрватска, Словенија и БиХ. ФК Борец не застанува тука и паралелно преговара и со уште еден странец кој би требало да го засили средниот ред и уште со двајца македонски фудбалери и голман. Претходно клубот веќе ги договори колумбиецот Алехандер Борха и Лука Трајкоски. За утре е закажан стартот на подготвителниот период