Во блок-трансакција од од околу два милиони денари или околу 32.000 евра денеска на Македонската берза се продадоа 2.500 акции од ФК Борец 1919 АД Велес. Акциите се продадоа по цена од 805 денари за акција. Нови сопственици на клубот се велешкиот кошаркарски репрезентативец Владимир Брчков и неговиот братучед бизнисменот Марио Брчков. „Идејата е на мојот братучед Марио, кој ме побара да му помогнам бидејќи сметаше дека  моите конекции и искуство во професионалниот спорт ќе помогнат многу. Го сакам Велес, го сакам фудбалот и сметам дека велешани заслужуваат да имаат свој клуб во првата лига“, изјави Брчков за Велес365. Досегашниот сопстеник на клубот Кочо Анѓушев остана на зборот и клубот го предаде без никакви долгови, а на новите сопственици им посакал среќа во понатамошното менаџирање на ФК Борец.