Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети модуларната болница во Велес при што посочи дека новиот британски сој во Македонија многу побрзо и полесно се шири, но состојбата постојано се мониторира и засега нема потреба од препорачување нови мерки. -Ги пратиме бројките и ги анализиравме еезултатите од секвенционирањето на геномите на вирусот од пациенти кои што беа дијагностицирани во Охрид, Кавадарци и во Прилеп. Прво да кажам дека евидентно е зголемувањето во изминатиот период на пациенти кај кои се детектира варијантата на британскиот сој и тоа од некои 20-тина проценти. Последните два дена резултатите покажаа дека се зголемува и до 50 проценти од вкупниот број на дијагностицирани, истакна министерот Филипче.