Непосредно пред стартот на учебната година регистриран е уште еден случај на Ковид-19 во ООУ „Васил Главинов“. Предходно нејзина колешка која закрепна исто така беше инфицирана од коронавирусот, а колегите кои имале контакт со неа беа испратени во изолација.

Ковид-19 отвори многу прашања за тоа како ќе се одвива наставата, а искуствата од регионот се различни. Во Грција и Косово одделенијата и класовите ќе бидат во полн состав, односно со присуство на сите ученици, во Албанија и Романија наставата ќе се одвива комбинирано, една недела со физичко присуство, една недела онлајн. Во Албанија наставниот час ќе трае 30 минути, а во училница ќе има до 20 ученици.

Институциите задоцнија со подготовка на онлајн наставата – вели Стефани Спировска во интервју за РСЕ, инаку претседателка на Младинскиот образовен форум. Спировска исто така вели дека институциите имаа повеќе од половина година време во кое можеше да се најде решение. Мошне актуелна тема пред продолжениот почеток на школската година поради корона пандемијата што ги стави на мака и учениците и родителите и институциите заради прашањето дали наставата да се одвива со физичко присуство на децата или со онлајн настава.

Министерката за образование, Мила Царовска истакнува дека училиштата забрзано се подготвуваат за старт на учебната 2020/2021 година на 1 октомври, со комбиниран модел на настава.

За таа цел, подвлекува Царовска, Министерството за образование и наука е во постојана координација со директорите на основните и средните училишта и со градоначалниците, бидејќи со заедничка посветена работа ќе може да се реализира успешна учебна година.