Вчера повторно имало две каснувања од кучиња скитници кои граѓаните ги пријавиле во Полициската станица Велес. Прва пријавила 49-годишната В.Д од Велес која била нападната од куче скитник на ул.„Нада Бутникошарева“. Вториот напад се случил на ул.„Андон Шурков“ каде малолетно дете било каснато од куче скитник, а настанот во СВР Велес го пријавил неговиот 44-годишен татко Д.Ј. од Велес. За два дена две малолетни деца и двајца возрасни жители на велес пријавиле каснување од куче скитник. Завчера исто така имаше две каснувања од кучиња скитници и каснато малолетно дете.