По неколку дена во Велес се регистрирани 5 нови случаи на коронавирус. Се работи за фамилијарен кластер од семејна прослава. Три случаи се поврзани со прославата, додека еден од случаите е веќе хоспитализирано лице од с. Јаболчиште од познат кластер и еден асимптоматски случај лице вработено во СВР-Велес.  Голем број на резултати од земените тестови од предходните денови сеуште не се добиени и истите се очекува да пристигнат во тек на денешниот или наредните денови. Со ова вкупната бројка во Велес се искачи на 178 случаи од почетокот на епидемијата.