Утринава е потврден еден случај на Ковид-19 кај жена од Велес. Таа е со лесни клинички симптоми и се наоѓа на домашно лекување. Во моментов на инфективното одделение во Велешката болница се хоспитализирани 13 пациенти од кои 8 се од Велес, 3 од Св.Николе и 2 од Кавадарци. Од нив 12 се потврдени случаи на Ковид-19 додека за еден пациент се чека резултатот од тестирањето. Вкупниот број на заразени во Велес од почетокот на пандемијата изнесува 281, а од нив активни се 23 случаи.