Министерството за економија денеска преку соопштение ги потсетува граѓаните дека крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е утре, 15 декември 2020 година. На овој датум ќе биде затворена платформата „Дома си е дома“ преку која се реализираше мерката ваучери за домашен туризам. „Гостите коишто користат ваучер за домашен туризам ќе треба да бидат одјавени од сместувачките капацитети најдоцна до 15.12. 2020 година, додека хотелиерите коишто имаат гости со вакви ваучери за туризам ќе треба најдоцна до 18.12.2020 година до Министерството за економија да достават фактури за плаќање, по што до крајот на годината ќе им бидат исплатени средствата од искористените ваучери“, се вели во соопштението.