Британскиот сој на корона вирусот ги напаѓа и младите и децата за разлика од предходниот сој. Многу млади кои немаат симптоми лесно и брзо го шират вирусот во својте семејства, друштвата и околината каде што се движат без да се свесни за тоа. Заради подобрените временски услови социјалните контакти и дружењата се почести и затоа ризиците се се поголеми. Најголемиот ризик доаѓа од угостителските објекти каде што во најголем дел ссе дружат младите заради што Општинскиот штаб за заштита и спасување даде препорака да се намали времето на работење на угостителските објекти – рече на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски.