Вчера вечерта околу 19.00 часот во СВР Велес, А.К.(39) од с.Гoрно Оризари, велешко, пријавил дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, по претходна расправија, бил физички нападнат од Х.Х.(53), С.Х.(24) и Б.Х.(20). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше денес портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.