Во текот на оваа година покрај тоа што не зафати ковид 19 здравствената пандемија Македонските кајакари сепак успешно ја претставија дисциплината спуст.
Се започна со одржување на изборни натпревари за состав на репрезентација во спуст во месец Февруар и Март со одржување на 6 натпревари,подоцна во месец Август и Октомври се одржаа прво и второ коло од Европските купови како и државното првенство во Август.
За преостанатите два натпревари од Европските купови се разгледува и се прати секојдневната ситуација на пандемијата ковид 19 во Македонија и Босна и Херцеговина каде треба да се оджат последните два натпревари и највероватно истите нема да се одржат доколку продолжи овој тренд на зголемување на заразени лица.

Љубомир Спасиќ

Минатогодишниот освојувач на европскиот куп во генерален пласман Љубомир Спасиќ го потврди својот репрезентативен статус со пет први места и едно второ место со што обезбеди учество на овогодинешните европски купови каде моментално е пласиран на четвртото место во генерален пласман од 102 кајакари.
Тој годинава е и државен првак во спринт и класик настапите на 300м и 5км.

Александар Златаров

Александар Златаров годината ја започна со едно прво место, три втори и две трети места со што избори место во репрезентацијата на македонија а со тоа и учество на европските купови и европското младиснко првенство.
Тој моментално е трето пласиран во генерален пласман на европската ранг листа. На државното првенство заврши како трето пласиран во спринт и класик.

Енис Небиовски

Енис Небиовски со настапите на изборните натпревари и со пласманите на две втори и четири трети места успешно ја започна сезоната со обезбедување на репрезентативен статус и учество на европските купови и европското младиснко првенство, за да продолжи со пласман на петото место на европската ранг листа во генерален пласман и второ место на државното првенство во спринт и класик.
Репрезентативците се во очекување се до донесување на конечната одлука од страна на европската асоцијација за одржувањето или одкажување на преостанатите натпревари.
Доколку се одржат останатите натпревари од европските купови македонските кајакари имаат реални шанси да се најдат на првите три позиции и со тоа повторно да го потврдат минатогодишниот успех каде Спасиќ беше освојувач а Златаров заврши на четвртото место на европскиот куп.