Полни раце работа имала велешката полиција во текот на вчерашниот ден расчистувајќи тепачки. Првата тепачка била пријавена во Полициската станица Велес од Ж.Д.(27) кој пријавил дека околу 10.30 часот на ул.„8-ми Септември“ во Велес бил физички нападнат од едно лице. Во истиот период 10:30 часот Р.С.(48) од Велес пријавила дека околу 10.30 часот на ул,„11-ти Октомври“ била физички нападната од Р.Н.(60) и во во 13.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Леов“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Б.(40) од една и З.Р.(40) и нејзиниот малолетен син од друга страна. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.