Најновите податоци кои ги објави Министерството за здравство, а се однесуваат на Велес велат дека денес се регистрирани 24 нови случаи со Ковид-19. Она што загрижува е трендот во последните денови на  двоцифрен број на нови случаи во Велес со што бројот на активни случаи во моментов изнесува 278. Денес се регистрирани и седуммина оздравени случаи. Состојбата со хоспитализираните во Општата болница Велес е стабилна и доколку има потреба има слободни  места. Таму на лекување во моментов се наоѓаат 29 лица. 111 велешани досега го загубија животот како последица на корона инфекцијата.