Пред неколку дена на Brightside го видовме текстот за Трендафилка Кирова од Македонија која, како што пишуваше, направила вистински пресврт во својот живот, напуштајќи ја својата ревизорска работа и почнувајќи да плете најфантастични плетенки од коса со кои жените личат на вистински самовили. Ја побаравме и ја најдовме – во Велес, кадешто живее со своето семејство, сопругот и двете деца.
Одвреме навреме, кога немаме авторски текстови, бараме интересни текстови на странските портали, меѓудругите, и на brightside. Токму таму пред неколку дена го видовме текстот за Трендафилка Кирова од Македонија која, како што пишуваше, направила вистински пресврт во својот живот, напуштајќи ја својата ревизорска работа и почнувајќи да ги креира и плете најфантастичните плетенки од коса, правејќи со нив такви стајлинзи со кои девојките и жените личат на вистински самовили. Се разбира дека се заинтересиравме. Ја побаравме и ја најдовме – во Велес, кадешто живее со своето семејство, сопругот и двете деца.

Она што е интересно за Трендафилка и поради што таа, сосема заслужено го добила и вниманието на странските медиуми, па и на bright side (кој, патем, има дури 38 милиони корисници), но и на некои други за нас помалку познати странски портали и блогови, е тоа што е таа всушност магистер по економија и работела како внатрешен ревизор. Откако станала мајка, сосема случајно, плетејќи ја својата коса за време на првата бременост, во најчудесни и комплицирани форми, ја открила својата креативност и умешност и денеска на својот инстаграм профил кадето ги споделува своите креации има повеќе од 200 илјади следбеници, а огромен интерес има и за нејзиниот јутјуб канал на кој ги покажува постапките за своите комплексни креации кои сечија коса ја претвараат во ремек-дело.

Вели дека повеќето од странските медиуми ја исконтактирале преку порака на нејзиниот Инстаграм профил и ѝ испратиле прашања на кои таа со задоволство одговорила, како што го направи тоа и за нас. Иако ни беше дури и малку непријатно тоа што за некој што прави вакви неверојатни креации и живее на само 40 километри дознаваме од странски медиуми и веројатно го потврдуваме она познато непишано правило дека кај нас човек најлесно станува познат и признаен, откако ќе ја покаже својата извонредност во ‘белиот свет’.

Како и да е, за да ја потврдиме вистинитоста на она што го прочитавме на brightside, ја прашавме Трендафилка  дали е навистина економист по професија и дали навистина работела во сосема друга бранша, па смело одлучила да ја напушти работата и да отпочне нешто сосема ново.

целиот текст прочитајте го на:  majkaidete