Во денешниот билтен на починати од коронавирус во Битола запишано е и 24-годишно момче од Ресен, кое на 25 август било донесено во битолскиот ковид центар во многу тешка состојба, објави порталот ММС.

Директорката на Клиничката болница Битола за порталот ја потврдила веста.

– Беше во многу тешка состојба со ниска сатурација и масивна бронхопневмонија. Поставен веднаш на перманентна максимална кислородна поддршка и соодветна терапија. Земениот брис покажа дека е позитивен. И покрај сите интензивни обиди за реанимација, пациентот утрово почина, истакнала д-р Билјана Гагачовска.

Според извори на порталот, момчето неодамна правело свадба и неговите блиски претпоставуваат дека најверојатно бил заразен од некој од гостите кои биле присутни.