Во текот на вчерашниот ден, 25.03.2020 година тројца велешани имале физичка пресметка. На тепачката и претходело кратка расправија помеѓу тројцата инволвирани.

Според билтенот на СВР Велес пријавено е дека околу 19.30 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, кај Трговскиот центар, по кратка расправија настанала физичка пресметка помеѓу Т.Д.(38), Б.З.(30) и К.Г.(29), сите од Велес. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.