Основниот суд Велес ја ослободи од обвинение велешанката Павлинка Пале Иловска. Таа лани го усмрти со убод со нож нејзиниот невенчан партнер полицаец од Велес. Таа одговараше за убиство во миг. ,,Обвинетата Павлинка Иловска се ослободува од обвинение,, рече судијката Габриела Гајдова. Случајот ја потресе не само велешката туку целокупната јавност во Македонија посебно фактот што таа неколкупати го пријавувала партнерот но тој не бил гонет. Иловска на вчерашното рочиште се изјасни за невина за делото кое и се ставаше на товар.