По случајот со мајката и синот кои беа пронајдени мртви во стан во близина на Жаба зграда вчера на 08.04.2020 е пронајдено уште едно безживотно тело.

Станува збор за Рајна Донева 79 годишна старица која вчера претпладне околу 10:30 часот од страна на поштар кој дошол да и донесе социјална помош била пронадена мртва во нејзиниот дом.
Поштарот повикал полиција која побарала асистенција и од Итната медицинска помош по што лекарот констатирал смрт. На местото на настанот дежурен лекар изврши преглед и констатираше смрт – изјави д-р Страхил Тодоров портпарол на Итната служба.

Основното јавно обвинителство нема да бара обдукција на телото на старицата поради тоа што на телото при лекарскиот преглед не се најдени траги на насилство.